Дома Македонски спорт Мак ракомет Херем го раскина договорот со ЖРК Вардар

Херем го раскина договорот со ЖРК Вардар

Најдоброто лево крило во женскиот ракомет, Камила Херем, по само една сезона ќе го напушти ЖРК Вардар, откако договори спогодбен раскин на договорот со клубот.

Камила Херем, репрезентативката на Норвешка, една година пред истекот на договорот ќе го напушти ЖРК Вардар, откако спогодбено го ракина договорот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„На барање на Херем, спогодбено е раскината соработката. Таа изрази желба за враќање во татковината. Ние ја почитуваме нејзината одлука и ѝ посакуваме успех во кариерата“, наведува клубот на својата страница.

Херем во досегашниот дел од сезоната постигна 33 гола во Лигата на шампионите, а ќе му помогне на тимот на завршниот турнир во Будимпешта (6 и 7 мај) да ја освои првата титула во елитното натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Веселин Вујовиќ за односот кон Хрватите: Нечовечно и срамно!

Хрватската ракометна репрезентација на полуфиналето на Европското првенство против Германи…