
Се по веројатно изгледа дека Веселин Вујовиќ ќе седне на клупата на Вардар, вакви најави пристигнаа од неколку страни.
Денес на оваа тема пишуваше реномираниот специјалзиран сајт за ракомет „Хендбол планет“. Овој медиум пишува дека од свои извори добиле потврда дека Вујо трет пат во кариерата ќе седне на клупата на Вардар.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
За вакво нешто се шпекулираше откако Вујовиќ соопштил на неговиот актуелен тим Борац Бања Лукл дека нема да ја продолжи соработката. Ќе потсетиме, неодамна Стевче Алушовски потврди дека во новата сезона нема да биде тренер на Вардар.
Вујовиќ го водеше Вардар од 2006 до 2009 и од 2011 до 2013 година.