Јанис Хаџи од Глазагов Ренџерс се очекува да биде еден од главните адути на романската селекција во утрешниот натпревар против Романија.
Против Романија утре од 20:45 часот Македонија ги започнува квалификациите за Светското првенство кое ќе се игра во Катар во 2022 година. 22 годишниот фудбалер на романските навивачи им најави дека ќе гледаат една нова Романија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ве уверувам дека ќе гледат една нова, подобра Романија во оваа 2021 година. Верувам во добри резултати во следните три натпревари, а ако тоа се случи многу полесно ќе ни биде и потоа да бележиме успеси. Сакаме да одиграме добри квалификации, секој играч сонува да настапи на едно Светско првенство“, изјави Хаџи.
Хаџи за репрезентација на Романија одигра 14 натпревар и очекувањата се и утре да биде стартер.