Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн е спремен да стави потпис на нов договор и да ја продолжи верноста со „спарси“, пренсуваат медиумите на Островот.
Договорот на Кејн со Тотенхем истекува во 2024 година, но 29-годишниот Англичанец донел одлука да го продолжи својот престој во клубот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во медиумите се појавија шпекулации дека Кејн на лето може да го напушти Тотенхем и да се пресели во Баерн Минхен, а наводно интерес за Кејн покажува и Челзи.
Меѓутоа, Тотенхем не сака да дозволи најголемата ѕвезда на лето да влезе во последната година од договорот и веќе започнал преговори за продолжување на соработката.
Хари Кејн е спремен да стави потпис на нов договор и да ја продолжи версноста со клубот каде ја помина целата своја кариера.