
Кошаркарскиот клуб Партизан го потврди доаѓањето на Жоан Пенјароха како нов тренер на тимот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пенјароја, кој оваа сезона ја започна како главен стратег на Барселона, пристигна во Белград вчера вечер и веќе денес ќе ја преземе својата улога како предводник на црно-белите.
Шпанецот, роден на 20 април 1969 година, досега работел со екипите на Барселона, Басконија, Валенсија, Манреза, Бургос и Андора.
Со тимот на Бургос, Пенјароја двапати ја освои ФИБА Лигата на шампионите (2020 и 2021 година), како и ФИБА Интерконтиненталниот куп.
Покрај Пенјароја, во стручниот тим како асистент се придружи и поранешниот директор на Академијата на КК Фуенлабрада и некогашен член на стручниот тим на Монако.