Дома Фудбал Египет со гол на Салах се спаси од бламажа против 129. репрезентација на светот (ВИДЕО)

Египет со гол на Салах се спаси од бламажа против 129. репрезентација на светот (ВИДЕО)

Мохамед Салах го извлече Египет на отворањето на Африканскиот куп на нации. Ѕвездата на Ливерпул постигна гол во дополнителното време, обезбедувајќи победа од 2:1 против Зимбабвe, кој неочекувано поведе на почетокот на натпреварот. За седумкратниот шампион на Африка, израмни Омaр Мармoш од Манчестер Сити.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Египет влезе во натпреварот како фаворит. Сепак, во 20. минута, Принс Дубe ја шокира најуспешната африканска репрезентација. Зимбабвe водеше 1:0 до 64. минута, кога Мармoш го израмни резултатот. Египет се спаси од непријатност кога Салах постигна гол во 90. минута за 2:1 против 129. репрезентација во светот. Головите може да ги погледнете ОВДЕ.

Освојувањето на осмата титула би го зацврстило Египет уште повеќе на врвот листата на рекордери, а за Мохамед Салах би била првата ваква титула во неговата кариера. И покрај својот статус како ѕвезда, 33-годишниот напаѓач на Ливерпул сѐ уште го чека своето прво освојување на најпрестижното африканско натпреварување. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бруно Фернандеш во шокантен трансфер потпишува за друг гигант?

Навивачите на Манчестер Јунајтед се во паника бидејќи најдобриот играч на клубот може да з…