Дома Фудбал Ливерпул ќе излезе на пазарот – Опцијата е една

Ливерпул ќе излезе на пазарот – Опцијата е една

И покрај потрошените 450.000.000 евра во текот на летото, Ливерпул, изгледа, ќе мора дополнително да се засили во зимскиот преоден рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тоа не би било случај ако не се повредеше Александар Исак, кој ќе мора да отсуствува неколку месеци од теренот. Меѓутоа, без него, и со повредениот Коди Гакпо кој е вон форма и со отсутниот Мохамед Салах поради Африканскиот куп на нации, Арне Слот има проблеми во нападот.

Ливерпул нема да биде премногу активен, објавуваат британските медиуми, но ќе се обиде да ја засили крилната позиција. Логично, на прво место се појавува Антоан Семењо, кој може да игра на двете страни од теренот и тоа би било “двојна добивка” за “црвените”. Тој нема да чини помалку од 70.000.000 евра. Тоа е проблем.

Очигледно е дека Семењо ќе го напушти Борнмут во зима. Веќе долго време се најавува преку различни канали, а Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити се појавија како заинтересирани клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најемотивната приказна од Светското првенство: Солзи на теренот, поглед кон небото и гол кој му го посвети на својот најголем заштитник /ВИДЕО/

Мексико ја отвори својата кампања на Светското првенство со победа против Јужна Африка (2:…