Дома Фудбал ПОЧНУВА РЕВОЛУЦИЈАТА ВО ФИОРЕНТИНА: Пристигнува познатиот спортски директор од Премиер лигата::

ПОЧНУВА РЕВОЛУЦИЈАТА ВО ФИОРЕНТИНА: Пристигнува познатиот спортски директор од Премиер лигата::

Фиорентина има една од најтешките сезони во поновата историја и моментално се на последното место во Серија А.

За викендот ја остварија првата победа против Удинезе со 5:1 и на тој начин најавија подобри денови, а во клубот се подготвуваат и промени во спортскиот сектор.

Спортскиот директор Даниеле Прада си замина, а ќе го замени познатиот Фабио Паратичи.

Долгогодишниот спортски директор на Јувентус, а сега на Тотенхем, сака да се врати во Италија и ги договори сите услови со Виолетовите, со кои ќе потпише договор на четири и пол години. Останува само да се договорат за раскин на соработката со клубот од Лондон.

Паратичи беше дел од шампионската машина на Јувентус од 2010 година, а неодамна беше казнет со забрана за работа поради финансиски прекршоци за време на неговата работа во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новинар удри по Сити: Одземете им ги сите титули и исфрлете ги!

Во англиските медиуми се известува дека на Манчестер Сити им е утврдена вината за прекршув…