Скандал во текот на вчерашниот ден се случил во македонската женска одбојка.
Во тек се полуфиналињата од плеј-офот, а на дуелот помеѓу Јантас Волеј Форца од Скопје и Наковски волеј од Струмица му претходел голем инцидент.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Одбојкарите и стручниот штаб на Јанта во Струмица биле пречекани со навреди и закани, а потоа пред загревањето неслужебени лица го нападнале тренерот на Јанта. Хаосот успеал некако да се смири со интервенција на полицијата која според информациите задоцнила.
Во записникот се навело дека тие не забележале поголем инцидент, па младите одбојкарки на Јанта биле принуден да го одиграат мечот. Наковски победи во дуелот и израмни во серијата на 1:1.