Јанис Адетокумбо одигра историски натпревар поставувајќи личен рекорд од 64 поени во победата на Милвоки над Индијана, но беше вмешан и во еден инцидент.
Очекувано, Јанис по таквиот настап сакаше да си ја зема топката со која се играше натпреварот. Но од другата страна Оскар Чивебе ги запиша првите поени во НБА лигата, па и од Индијана тргнаа да ја сочуваат топката како спомен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа не му се допанда на Јанис кој бесно реагираше и тргна кон тунелот кон соблекувалната. Таму настана мешаница и турканица од двата тима.
На крајот Јанис изјави дека се сомнева дека ја добил вистинската топка.
„Добив топка, ама не знам дали со таа се играше натпреварот. Не сметам дека е така, не ја чувствувам како истата топка ми делува како нова. Бев на теренот 35 минути, знам каква беше топката со која се играше“
The Pacers are big loser… Indiana takes the game ball after Giannis scored a career and franchise high 64 points
— LegendOfWinning (@LegendOfWinning) December 14, 2023
pic.twitter.com/tQ9tyH13FB