Дома Останати Авто Мото Хамилтон со пол-позиција во Абу Даби

Хамилтон со пол-позиција во Абу Даби

Шесткратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка во Абу Даби, и ќе се обиде со победа да ја заврши сезоната во која дојде до нова титула.

Тој имаше најдобар резултат во денешните квалификации на завршниот викенд од најбрзиот шампионат. За пилотот на Мерцедес ова е шеста пол позиција сезонава, 88. вкупно во кариерата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Позади Хамилтон се најдоа Макс Верстапен и двајцата пилоти на Ферари, Шарл Леклер односно Себастијан Фетел. Второ најбрзо време имаше Валтери Ботас, но Финецот го смени моторот и ќе тргне од последната позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Македонското знаме се развеа во Милано и Кортина (Видео)

Вечерва беа отворени Зимските Олимписки игри во Милано и Кортина на кои ќе учествува и Мак…