Дома Фудбал Англија Хамес Родригез го напушта Евертон, се огласи и Анчелоти

Хамес Родригез го напушта Евертон, се огласи и Анчелоти

Хамес Родригез планира да го напушти Евертон на крајот од оваа сезона, тврдат колумбијските медиуми.

Колумбијскиот фудбалер пристигна на Гудисон Парк во септември и на почетокот беше еден од најдобрите играчи во клубот, но и во лигата.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Меѓутоа, дојде до серија повреди и колумбијските медиуми тврдат дека Хамес од бизарни причини сака да замине веќе на лето.

Наводно, на него не му се допаѓа времето во Англија, но и фудбалот кој се игра, поради кој доаѓа до честите повреди.

Околу овие написи денеска даде коментар и менаџерот на клубот Карло Анчелоти.

„Тој нема никакви проблеми. Секој ден зборувам со него и среќен е овде. Не знам дали се жалел на времето, но познато е дека овде временските прилики не се најдобри. Но има многу добри работи.“ – рече Анчелоти.

Хамес оваа сезона одигра 20 натпревари за Карамелите на кои запиша пет погодоци и седум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чудото од дете ја „полуде“ Европа, а сега неговиот агент фатен на средба со англискиот гигант

Европската фудбалска јавност повторно зборува за Кенан Јилдиз, еден од најталентираните мл…