Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ постави тревна подлога на стадионот во Прилеп и го предаде на општината

ФФМ постави тревна подлога на стадионот во Прилеп и го предаде на општината

ФФМ постави нова тревна подлога и рефлекторско осветлување.

Претставници на Фудбалската федерација на Македонија извршија примопредавање со Општина Прилеп после целосното завршување на инфраструктурните работи на стадионот “Гоце Делчев” во Прилеп кои беа во надлежност на ФФМ. Според договорот, сега стадионот е целосно во надлежност на Општина Прилеп.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалската федерација на Македонија со средства од “Хет-трик” програмата на УЕФА го финансираше поставувањето на целосно нова тревна подлога (тревни бусени) со модерен дренажен и систем за наводнување, а исто така, многу значајно е тоа што се постави и целосно ново рефлекторско осветлување и сега на стадионот има можност да се одигруваат и натпревари под рефлектори. Функционирањето на рефлекторите беше тестирано од страна на инвеститорите и надзорот, и оценката е дека ги исполнуваат критериумите за одигрување на вечерни натпревари.

Во договорот со општина Прилеп, општината треба да изгради посебна трафостаница за користење на новото осветлување на стадионот “Гоце Делчев”, а љубителите на фудбалот се надеваат дека во многу скоро време општината ќе го заврши својот дел од работите поврзани со трибините и потрибинскиот простор и конечно стадионот ќе го добие својот вистински фудбалски лик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Селекторот Андов го објави списокот фудбалерки за двата натпревари со Црна Гора

Женската репрезентација на Македонија кон крајот на ноември и почетокот на декември ќе оди…