Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ донираше дефибрилатори за екипите од Прва МФЛ

ФФМ донираше дефибрилатори за екипите од Прва МФЛ

Ненадеен срцев удар е можеби една од главните причина за смрт кај фудбалерите на теренот, а редовните прегледи на срцето и соодветните мерки за прва помош (како што е итна реанимација и употреба на дефибрилатор) можат да помогнат да се спречи смрт од срцеви проблеми.

ФИФА користи свои регистар за ненадејни смртни случаи, а пред неколку години, исто така започна кампања за ненадејна срцева слабост за да го подобри нивото на едукација за пружање прва помош кај фудбалерите и љубителите на фудбалот на стадионите.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Главните чекори што ФИФА ги наложува во кампањата за спречување на ненадејна срцева смрт на теренот – првенствено едукативни програми за реанимација и употребата на дефибрилатори меѓу лекарите, тренерите и играчите, активности што континуирано ги спроведува Комисијата за медицина и антидопинг на ФФМ.

Нашата федерација долги години работи на најдобра можна едукација на нашите фудбалски лекари и персонал за реанимација и итна интервенција.

Сите лекари кои се членови на македонските репрезентации редовно минуваат тренинзи за реанимација, а комисијата за медицина и антидопинг се залага за задолжителни и редовни прегледи за професионалните и младите играчи.

Фудбалската федерација на Македонија со цел подобрување на условите во тој дел и посветувајќи грижа за здравјето на фудбалерите и учесниците на натпреварите од МФЛ, донираше дефибрилатори за сите екипи од ПРВА МФЛ. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…