Дома Фудбал Фудбалерот на клупата на ПСЖ продава повеќе дресови од Мбапе

Фудбалерот на клупата на ПСЖ продава повеќе дресови од Мбапе

Француски новинар објави изненадувачки информации за ПСЖ, актуелниот шампион таму.

Имено, најпродаваниот дрес во тој клуб не е на најголемата ѕвезда, клупски и репрезентативен капитен Килијан Мбапе, туку на 22-годишниот јужнокорејски напаѓач Канг-ин Ли.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Причината за тоа е што дресовите на Ли се исклучително популарни на азискиот пазар, па тој успеа да ги претекне Мбапе и останатите ѕвезди со кои ја дели соблекувалната на Паркот на принцовите.

Ли летово пристигна во ПСЖ во трансфер вреден 22 милиони евра од шпанска Мајорка.

Тој на три настапи сезонава помина само 143 минути на теренот, но и покрај тоа тој е лидер на тимот во маркетинг секторот, барем што се однесува до продадените дресови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид повторно направи кикс и титулата веќе е сон

Реал Мадрид направи нов кикс и заврши 1:1 со Џирона во натпреварот од 31-то специјално рет…