Дома Македонски спорт Фудбалерките до 17 години со пораз од Косово останаа без првото место во квалификациската група

Фудбалерките до 17 години со пораз од Косово останаа без првото место во квалификациската група

Maкедонската женска фудбалска репрезентација до 17 години претрпе пораз со резултат 1:2 од селекцијата на Косово во третиот натпревар од Групата 1 во квалификациите за од Лига Б за Европското првенство.

Нашите фудбалерки со овој пораз испуштија можност за прво место во групата и продолжување во следната фаза. Овој пораз за младите фудбалерки доаѓа по победите против Грузија и Ерменија.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Македонија до водство дојде по само 10 минути игра со голот на Попески, но Косово израмни во 27. минута. Кога изгледаше дека на натпреварот ќе нема победник, Хоџа на пет минути до крајот од истекот на регуларните 90 погоди за победа на Косово.

Треба да се спомене и дека Македонија од 68. минута беше без услугите на Коменова која заработи црвен картон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…