Maкедонската фудбалска репрезентација вчера не успеа да направи ново изненадување и беше поразена на гости кај Португалија со 2:0.




Со овој пораз заврши нашиот мундијалски сон, но фудбалерите покажаа дека можат да се надигруваат со секого и не треба да бидеме разочарани, туку задоволни од она што го видовме на теренот во дуелите со Италија и Португалија.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Денес во 18:30 часот репрезентативците следуваат на аеродромот во Скопје, па и покрај поразот веруваме дека момците на Милевски заслужија да бидат поздравени од македонската публика.
Фото: ФФМ