Дома Македонски спорт Мак фудбал Фудбалер од Уганда е новото засилување за Брера

Фудбалер од Уганда е новото засилување за Брера

Тимот на Брера за пролетниот дел од првенството се засили со уште еден фудбалер.

Станува збор за 20 годишниот Роџерс Мато од Уганда кој минатата година настапуваше за Кампала и турскиот состав Шанлиурфаспор. Мато е дел и од националната фудбалска селекција на Уганда за која иако има само 20 години има забележано дури 21 настап а три пати бил стрелец на голови.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Роџерс е млад и надежен фудбалер кој игра во нападот на десната и лева крилна позиција. По заминувањето од турската екипа тој доби понуди од повеќе клубови од Европа но се одлучи кариерата да ја продолжи во Првата Македонска Фудбалска лига.

Роџерс Мато е последното засилување во таборот на Брера на неполни две недели од стартот на пролетниот дел од првенството кое го почнуваме со тимот на Силекс во Кратово.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…