Дома Фудбал Италија Фросиноне по третпат во својата историја ќе игра во Серија А

Фросиноне по третпат во својата историја ќе игра во Серија А

По третпат во клупската историја, тимот на Фросиноне обезбеди место во Серија А.

Во натпреварот од 35-тото коло во Серија Б, Фросиноне со 3:1 ја совлада Реџина и на три кола пред крајот стекна недостижна предност пред Бари на третата позиција.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Од Серија Б директен пласман помеѓу најдобрите во Италија обезбедуваат првите две екипи, додека за последното место се игра бараж од третото до осмото место.

Фросиноне на врвот на табелата има 71 поен, Бари е трет со 61, блиску до директно место во Серија А е Џенова со 67 бода.

Дел од Серија А, Фросиноне беше во сезоните 2015/2016 и 2018/2019.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сенегалски судија стана хит: Погледнете што направи по натпревар од афричката Лига на шампиони (Видео)

Сенегалскиот судија Иса Си примени уникатен пристап за да спречи нереди по неизвесниот нат…