Дома Фудбал Германија Се откажа ли Баерн прерано од младиот Ибрахимовиќ? Може да го врати, но скапо ќе ги чини…

Се откажа ли Баерн прерано од младиот Ибрахимовиќ? Може да го врати, но скапо ќе ги чини…

Баерн сезонава одлучи офанзивецот Аријон Ибрахимовиќ да го испрати на позајмица во Фросиноне.

Дебитираше за Баерн младиот Ибрахимовиќ одигрувајќи 13 минути во победата против Бохум, но клубот одлучи да го испрати да собира искуство во Италија каде што во последниот период блеска.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По скромната минутажа во средбите со Рома, Верона и Болоња, Ибрахимовиќ доби прилика во куп натпреварот против Торино. Во оваа средба тој одигра 78 минути во кои постигна гол. Следуваше лигашкиот натпревар со Емполи на кој во 80 минути на тереност погоди и асистираше во триумфот од 2:1.

Така германскиот У-18 репрезентативец стана најмладиот играч во најсилните пет европски лиги кој на ист натпревар бил стрелец и асистирал. Во Фросиноне се задоволни и имаат намера да го откупат следната сезона, клазулата изнесува 3.5 милиони евра.

Баерн не се откажа целосно и има право да го врати ако калчолигашот ја активира клазулата, но тоа ќе ги чини 11 милиони евра колку што е договорено.Веќе во 2025 година таа клазула пораснува на 15 милиони евра.

Времето ќе покаже, но засега изгледа дека Фросиноне може одлично да заработи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Милан почна преговори со мексиканската ѕвезда

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…