После цели шест години во дресот на француската репрезентација се враќа напаѓачот Карим Бензема.
Селекторот Дидие Дешамп го стави личното мислење за Бензема во втор план, двајцата разговараа и францускиот голгетер ќе биде со репрезентацијата ова лето на Европското првенство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ќе потсетиме Бензема беше надвор од репрезентацијата поради аферата и наводното уценување на Валбуена за снимка со малолетна личност. На ова ЕП ќе го видиме танедмот Мбапе – Бензема кој се очекува да биде во втор план, а тука секако се Гризман, Дембеле, Жиру…
Француската јавност јасно порача дека го одобрува враќањето на Бензема во репрезентација, а тоа го докажа и продажбата на дресови. Од кога беше објавено дека Бензема се враќа во репрезентацијата продажбата на дресови се зголемила за неверојатни 2400%.