Репрезентацијата на Португалија славеше против Нов Зеланд со резултат од 4:0 и така се пласираше во полуфиналето од Купот на Конфедерациите.
Со головите на Роналдо, Бернандо Силва, Андре Силва и Нани, Португалија оствари многу важна победа и го продолжи својот пат во Купот на Конфедерациите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По голот на Бернандо Силва, истиот играч мораше да го напушти теренот, бидејќи се повреди, па Португалија мораше да го доигра натпреварот без него.
По завршувањето на натпреварот, Кристиано Роналдо ја доби наградата за најдобар играч на натпреварот, а тоа му беше трета последователна награда за најдобар играч на натрпеварот.
Сепак, Кристиано Роналдо оваа награда ја поклони на Бернандо Силва и уште еднаш го воодушеви целиот свет, како и неговите соиграчи од репрезентацијата.