Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, во вчерашното градско дерби мораше да биде заменет на стартот на второто полувреме.
Рамос по жестокиот дуел со Лукас Ернандез заврши со раскрварено лице и скршен нос, па не можеше да го продолжи натпреварот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Дефанзивецот на Реал Мадрид после натпреварот објави фотографија на која се гледа како крвари по дуелот со противничкиот фудбалер, а описот сигурно ги допре сите Мадридисти.
„Ќе крварам уште илјада пати за овој грб и дрес. Ви Благодарам на поддршката. Ќе се вратам брзо“, напиша Рамос.
Да потсетиме, Реал Мадрид освои бод на гостувањето кај Атлетико и сега зад лидерот Барселона заостанува 10 бодови.
