Минатиот месец македонската одбојкарска репрезентација стигна до исторсиски успех пласирајќи се на Европското првенство кое оваа година ќе се одржи во Белгија, Франција, Холандија и Словенија.
Ова е нова страница во македонската одбојкарска историја и сигурно дека многу значи за целиот спорт во нашата земја.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После победата над Унгарија во СРЦ Кале македонските одбојкари од радост пуштија и солзи, а во тие моменти настана и една премоќна фотографрија.
Браќата Никола и Ѓорги Ѓоргиеви со солзи прегрнати ја славеа победата. Токму оваа нивна фотографија од страна на Европската куќа на одбојката (ЦЕВ) беше прогласена за фотографија на месецот.