Дома Фудбал Останато ФОТО: Можеби е време да престанеме да го исмејуваме Инсиње?

ФОТО: Можеби е време да престанеме да го исмејуваме Инсиње?

Лоренцо Инсиње, одличниот играч на Наполи честопати е мета на оние кои немаат попаметна работа, па го исмејуваат поради неговата висина.

Инсиње е висок 163цм, а претходно во едно интервју нагласи дека во младоста тоа што е низок му било фрустрирачки и размислувал да се откаже од фудбалот.


За среќа тоа не се случило, тој продолжил да игра фудбал и денеска е член на италијанската репрезентација и еден од најдобрите играчи во Серија А.

Меѓутоа, постојано го исмејуваат поради тоа што е висок 163цм. Овој пат камерите забележија момент пред почетокот на пријателскиот натпревар помеѓу Италија и Холандија (1:1).

Инсиње, а покрај него капитенот на гостинската екипа, Ван Дијк кој е висок 193цм, што значи 30цм повисок од капитенот на Италија. Фотогтафијата која кружи на социјалните мрежи носи голема разлика во вистината, а од некои агли изгледа како мало момче стои до џин.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Меси се враќа за Аргентина

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, го објави неговиот прелиминарен список на фудбале…