Дома Останати Авто Мото Формула 1: Леклер најбрз на првиот неофицијален тест во сезоната

Формула 1: Леклер најбрз на првиот неофицијален тест во сезоната

Со денешниот тренинг кој беше од затворен тип и недостапен за јавноста и официјално стартуваше новата сезона во Ф1.

Барселона ја имаше честа да биде домаќинот на првите групни тестови на кои не се појавија сите, но беа најголем дел од возачите. На утринската прва трка најбрзо време постави Шарл Леклер од Ферари (1:20.165), така веднаш ги крена надежите на фановите. Зад него заврши Ландо Норис со 1:20.474, додека во една секунда беше и Џорџ Расел на дебито во Мерцедес.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Зад нив се пласираа: Себастијан Фетел, Јуки Тсунода, Макс Верстапен, Фернандо Алонсо, Латифи, Мазепин и Кубица.

Треба да се спомене дека овие времиња се неофицијални и нема да бидат запишани. На овие трки тимовите само ги тестираат болидите во пресрет на официјалниот тест и првата трка во март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…