Бурно е во Милан по ремито против Лацио во последното коло од Серија А, прво во центарот на вниманието беа Тео Ернандез и Рафаел Леао, а сега се пишува за смена на Паоло Фонсека.
Фонсека има само два бода од три меча, а против Торино и на „Олимпико“ во саботата бркаа негатива, додека против Парма беа и поразени. Според информациите на италијанските медиуми Фонсека има три натпревари да си ја спаси работата. По пазуата за репрезентациите ќе пристигне Венеција, а потоа следи уште еден домашен натпревар против Ливерпул во Лигата на шампионите, па градското дерби со Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ако во овие натпревари Милан нема подобрување тогаш раководството најверојатно ќе направи промена на клупата.
Се шпекулираше со Масимилијано Алегри, но сега се медиумите пренесуваат дека Стефано Пиоли би можел да се врати на клупата само неколку месеци откако доби отказ. Пиоли не пронајде нова работа, па според договорот клубот се уште го плаќа, се споменуваше како нов тренер на Болоња, Наполи и Ал Итихад, но ништо не излезе.
Неговата плата е четири милиони евра по сезона, па затоа Милан за заштеди би можел да му даде нова шанса.