Дома Топ вести Флорентино Перез нема да жали пари за Покетино!

Флорентино Перез нема да жали пари за Покетино!

После отказот на Лопетеги раководството на Реал Мадрид го имануваше Солари како привремено решение, но претседателот Перез е во потрага по етаблирано тренерско име.

Шпанските медиуми пренесуваат дека најголема желба на Флорентино Перез е актуелниот тренер на Тотенхем, Маурисио Покетино.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Наводно, Перез е спремен да ги сруши апсолутно сите рекорди како би го ангажирал Аргентинецот, па спремил понуда од 100 милиони евра за петгодишен договор.

Проблемот е тоа што Покетино неодамна го продолжи договорот со Тотенхем и „спарси“ сигурно нема така лесно да се ослободат од тренерот, особено не во текот на сезоната.

Меѓутоа, Перез е спремен да започне преговори со Тотенхем и да плати обештетување, па следните денови ќе бидат одлучувачки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Aлегри може да добие големо засилување: Милан тргнува по напаѓачот на Арсенал!

Напаѓачот на Арсенал, Габриел Жезус, е едно од имињата што се поврзуваат со потенцијално т…