Ханси Флик и официјално беше назначен за нов тренер на Барселона, а познато е и кога ќе дебитира.
Иако ќе биде пријателски меч, тој не можеше да избере потежок ривал на клупата, бидејќи Барселона на 30 јули на американската турнеја ќе се соочи со Манчестер Сити.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Покрај Сити, ривали на Барса на гостувањето ќе бидат и Реал Мадрид и Милан, а се очекува наскоро Каталонците да одлучат со кого ќе се сретнат во традиционалниот куп „Жоан Гампер“.