Светската меѓународна федерација ФИФА на претстојниот Арапски куп ќе ја тестира новата офсајд технологија која би требало да се применува на Светското првенство во Катар следната година.
Технологијата се потпира на вештачка интелигенција која испраќа сигнали до ВАР системот кога играчот е во офсајд позиција, a потоа останува на судијата да процени дали таквата позиција на играчот влијаела на играта.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Технологијата ќе се користи на сите шест стадиони каде ќе се играат натпревари од Арапскиот куп кој ќе се одржи во Катар. Тестови зад затворени врати веќе беа правени на „Етихад“ и „Алијанц Арената“.
Доколку тестирањето на Арапскиот куп биде проценето како успешно тоа ќе биде веројатно доволно добра препорака за употреба на Мундијалот во Катар, но сепак претходно ќе мора да биде официјално одобрена на бордот на интернационалната фудбалска асоцијација во март следната година.