ФИФА ги потврди промените кои ќе се случат на следното Светско првенство.
Од 2026 година на Мундијалот ќе има 48 репрезентации, место досегашните 32. Во првиот круг ќе има 12 групи, по четири екипи и понатаму ќе поминуваат првопласираната, второпласираната и најдобрите осум третопласирани селекции. Тоа значи дека ќе се одиграат 104 натпревари во 39 дена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Така ФИФА ќе доби уште 40 натпревари на своите најголемо натпреварување. Досега во форматот со 32 репрезентации се играа по 64 натпревари. Постоеше можност и сите репрезентации да се поделат во групи по три екипи, но од таа идеја раководните луѓе на Светската организација се откажаа.
Од дополнителните 16 места на Светското првенство, три ќе добија азиските репрезентации, четири афричките, две северноамериканските, две јужноамериканските, три европските и една од Океанија.
Европските квалификации ќе започнат во март 2025 година и ќе се играат една година. Светското првенство во 2026 година исто така ќе биде прво кое ќе се игра во три држави – САД, Мексико и Канада.
⚽️ 12 four-team groups
— The Athletic | Football (@TheAthleticFC) March 14, 2023
⚽️ Top 2️⃣ + 8️⃣ best third-place sides qualify for round of 32
⚽️ 48 teams instead of 32
⚽️ 104 games over 39 days, 24 more than proposed three-team group format
The FIFA Council is set to approve these changes to the World Cup — what do you make of them? pic.twitter.com/pXI5CS86aK