Финалниот меч во второто по ранг натпреварување, Лига Европа во 2018 година ќе се одигра во францускиот град Лион, одлучи Извршниот одбор на УЕФА.
Лион прв пат е избран да биде домаќин на некое финале во европските купови. Овој град има нов стадион со капацитет од 59.000 места, кој целосно е довршен оваа година за потребите на Европското првенство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Инаку финалето во Лига Европа за оваа сезона ќе се одигра во Стокхолм, а финалето во Лигата на шампионите во Кардиф на Миленуим стадионот.
Претходно, УЕФА објави дека финалето во Лигата на шампионите во 2018 година ќе се игра на Олимпискиот стадион во Киев.