Документиранот филм за македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев „Патот на Кобрата до ѕвездите“ е прогласен за „најдобар филм за личност во спортот“ на 12. Меѓународен фестивал за спортски филмови во Златибор.
Филмот за македонската фудбалска легенда е во режија на спортската телевизија „Спорт Клуб“, а сега е и награден.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
„Прекарот Кобра за Дарко Панчев се однесува исклучително за фудбалот, бидејќи во играта се истакнуваше со недостижно брзи потези кои продуцираа неповториливи голови. Во неговиот реален живот, надвор од фудбалската магија, тој е стандард – мерило за наклонетост и пријателство, прво во семејството, и секаде каде што животот го носи, како плима на добрина.
Затоа го препорачуваме овој филм како лек против актуелната стварност, која е во сериозен недостаток на основни човекови вредности“, објавија од жирито на фестивалот.