Mинистерот за здравство со денешната изјава најави мерки кои би придонеле за зголемување на вакцинацијата, а во тие мерки може да биде вклучен и спортот.
Според најавата во иднина спортските натпревари ќе можат да ги следат само вакцинираните.
Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓
„Интересот за закажување термини опаѓа, затоа спроведовме теренска вакцинација. Во светот се појавуваат нови мутации и потребна е масовна имунизација. Свесни сме дека интересот веројатно нема да се зголеми, па размислуваме за воведување форма на рестрикција. На пример, вакцинален сертификат да мора да се приложи на сите настани со масовно присуство. Ова значи дека невакцинираните нема да можат да влезат на некој спортски или културен настан каде што ќе присуствуваат повеќе луѓе“, изјави Филипче.
Според мерките во Македонија досега е дозволено 30% исполнетост на капацитетот за спортските настани на отворено.