Централниот бек на Металург Филип Кузмановски одигра одлично првенство во Хрватска. Процентуално, онолку колку што доби шанса од селекторот Гонзалез, Кузмановски беше еден од најкорисните ракометари на Македонија, а со своите 15 постигнати гола тој е петти стрелец во нашата селекција. На средбата со селекцијата на Црна Гора беше прогласен за МВП на натпреварот, а на средбата со репрезентацијата на Данска повторно беше нашиот најдобар голгетер, со шест постигнати гола.

Сето тоа не остана незабележано, па хрватските медиуми го вброија меѓу најдобрите млади ракометари на ЕП, заедно со Дика Мем (Франција), Симон Јепесен (Шведска), Станислав Кашпарек (Чешка), Милош Јовановиќ (Србија), Јанус Дал Смарасон(Исланд), Алиаксандар Падшвалов (Белорусија), Филип Хенингсон (Шведска) и Урх Кастелиќ (Словенија).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Селекторот Андов го објави списокот фудбалерки за двата натпревари со Црна Гора

Женската репрезентација на Македонија кон крајот на ноември и почетокот на декември ќе оди…