Светската кошаркарска федерација ФИБА ја објави листата од 12 кандидати кои ќе се натпреваруваат за наградата МВП на Мундобаскетот во Кина.
Еден од оние кошаркари кои се најдоа на листата е Србинот Богдан Богдановиќ кој на Далечниот Исток покажа навистина одлични настапи. Богдановиќ по натпревар постигнуваше 21.7 поени и е четврти најдобар стрелец на турнирот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, шансите да ја добие МВП наградата за него се минимални или никакви со оглед на тоа дека неговата Србија беше елиминирана уште во четвртфиналето од Аргентина.
Останатите кандидати се: Факундо Кампацо, Луис Скола, Пети Милс, Џо Инглес, Рики Рубио, Марк Гасол, Матеуз Понитка, Донован Мичел, Руди Гоберт, Еван Фурниер и Томас Саторански.
Мундобаскетот се приближува до самиот крај. Денес се играа полуфиналните средби во кои ќе се сретнат Србија – Австралија и Франција – Аргентина.