Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Фердинанд: Ова што и се случи на Србија е грабеж среде улица…

Фердинанд: Ова што и се случи на Србија е грабеж среде улица…

Легендарниот Гери Линјер се обиде да го одбрани Брајх, но …

Фудбалерите на Србија се бесни по синоќешното судење, очекувано, но дури и Швајцарците во една анкета, 70% истакнаа дека сметаат дека тој старт над Митровиќ бил чист пенал. На страната на Србијата се и легендарниот ас на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, односно Пабло Забалета. Тие двајца во друштво на Гери Линкер го коментираа мечот на Би-Би-Си помеѓу Србија и Швајцарија и изнесоа некои интересни ставови.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Суштината на нивната изјава е дека Германецот, Феликс Брајх морал да ја консултира ВАР собата во таа ситуација. А, токму за Рио, тука ништо не било спорно.

„Тој е сам, тие се двајца и ниту еден не ја гледа топката. Како е можно на Митровиќ да му е досуден прекршок“, се зачуди Рио. „Мислам дека ВАР мораше да биде консултиран. Двајца одеа на еден човек“.

Линкер како домаќин се потруди да ја вжешти расправата истакнувајќи дека Митровиќ ги подигнал лактите, но залудно, Фердинанд остана при својот став…

„Ова е како грабеж среде улица, неверојатно“.

Ниту Пабло Забалета не застана на страната на Линкер.

„Чист прекршок. Не можам да верувам дека не е досуден пенал. Судијата е во одлична позиција, гледа дека ниту еден од дефанзивците не ја гледа топката, туку само го влечат Митровиќ“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Ливерпул се откажа од Алонсо, замената за Клоп ја најде во Португалија!?

Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерп…