Дома Останати Ферари со импресивни перформанси: Фетел најбрз на вчерашните тренинзи

Ферари со импресивни перформанси: Фетел најбрз на вчерашните тренинзи

Одличните перформанси на болидите на Ферари продолжија и вчера на тренинзите во Барселона, каде што Себастијан Фетел го извози најбрзото време.

Германецот извози време од 1.19.024 на ултрамеката компонента на пневматици со што беше три десетинки побрз од второпласираниот Луис Хамилтон од Мерцедес. Фетел извози и најмногу кругови на вчерашните тренинзи дури 156, додека Луис Хамилтон помина само 52.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Ниту еден друг возач не успеа да оствари резултат под 1 минута и 20 секунди, но сепак, Естебан Окон со неговата Форс Индија се покажа како еден од повредните денеска со извозени 137 круга и време од 1.20.161.

На вчерашните тренинзи возеше и другиот возач на тимот на Мерцедес, Валтери Ботас, кој што вчера беше најбрз, а денеска оствари резултат од 1.21.819 и извозе 95 круга.

Првата трка од сезоната ќе се вози на 26. март, а тренинзите во Барселона продолжуваат и денес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Од олимпиец до криминалец: Шверцувал дрога и е обвинет за убиства – сега го бара ФБИ!

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) издаде налог за познатиот канадски олимпиец Ра…