Фудбалерите на Манчестер Јунајтед славеа убедлива победа од 4-0 против тимот на Виган, во ФА Купот, а натпреварот го одбележа феноменалниот Бастиан Швајнштајгер кој за прв пат сезонава беше во стартниот тим.
32-годишниот германски фудбалер синоќа го имаше својот прв старт оваа сезона, одигра фантастично, постигна гол, запиша асистенција и беше прогласен за играч на мечот.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
После целата тортура која ја доживеа Швајнштајгер од страна на Мурињо покажа дека е професионалец и го убеди „Специјалниот“, кој најави дека Германецот ќе биде додаден во составот за Лига Европа.
„Швајнштајгер останува, ќе биде додаден и во листата на играчи за Лига Европа бидејќи се отворија места по заминувањето на Депај и Шнајдерлин“, изјави Мурињо.
„Немаме многу играчи и немаме многу опции во средниот ред. Можеби 90 минути против Виган беа премногу за Бастијан, веројатно по 65-70 минута беше тешко за него, но мислам дека сега е среќен. Тој беше добар професионалец кога не играше. Пред нас имаме многу натпревари па секако дека тој е опција“, додаде Португалецот.