Дома Трансфер зона Фелаини се враќа во Премиер лигата

Фелаини се враќа во Премиер лигата

Искусниот играч за врска Маруан Фелаини е многу блиску до враќање во Премиер лигата, бидејќи интерес за него покажува Њукасл.

34-годишниот Фелаини моментално настапува во кинеското првенство во дресот на Шандонг Луненг, но е спремен да се врати во Европа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Њукасл, кој е во потрага по засилувања во борбата за опстанок, сака да го врати Фелаини во Премиер лигата.

Фелаини има договор со кинескиот клуб до 2025 година, но Њукасл нема да жали пари и ќе му ги понуди истите финансиски услови.

Англиските медиуми пренесуваат дека Фелаини веќе ја прифатил понудата на Њукасл, па останува уште двата клуба да се договорат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…