Дома Останати Федерер откри што јаде пред секој меч и што ќе прави по завршувањето на кариерата

Федерер откри што јаде пред секој меч и што ќе прави по завршувањето на кариерата

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер за италијански „Венити фер“ откри некои свои интересни навики, но и што би сакал да работи после завршувањето на кариерата.

Федерер после победата на турнирот во Ротердам се врати на првото место на АТП листата пред Рафаел Надал и повтори дека го сака спортот со кој се занимава.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Сакам италијански, јапонски и индиски ресторани, додека во зима сакам топено сирење и раклет (едно од најпознатите швајцарски јадења). Два часа пред секој меч јадам чинија тестенини со лесен сос. Не го правам тоа бидејќи сега сум дел од компанија за паста, го правам тоа веќе 20 години“, изјави Федерер.

Швајцарецот има 36 години, но со неговите настапи воопшто не најавува крај.

„Не сакам да ме паметат како најдобар или еден од најдобрите тенисери, се надевам дека луѓето за мене во иднина ќе зборуваат како амбасадор на тенисот, мојата земја и семејството надвор од теренот. Во иднина сакам да работам на развивањето на спортскиот дух и на местата каде што тенисот не е развиен“, изјави Федерер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…