Дома Останати Федерер за својот најдобар и најомилен меч во кариерата (Видео)

Федерер за својот најдобар и најомилен меч во кариерата (Видео)

Еден од најдобрите тенисери во историјата Роџер Федерер, за многумина и најдобар откри интересни детали.

Имено, Швајцарецот го откри неговиот најдраг натпревар во кариерата. Ги има навистина премногу, а легендарниот тенисер го избра неговиот прв меч на централниот терен на „Вимболдон“ против Пит Сампрас.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


„Играњето пред полни трибини секако е многу поинтересно. Се сеќавам кога започнував кога бев млад. Мојот прв натпревар на централниот терен на Вимболдон беше против Пит Сампрас, тој меч секогаш ќе биде мојот омилен“, изјави Федерер.

Федерер беше запрашан и за според него неговиот најдобар меч.

„За најдобар го избирам оној против Лејтон Хјуит во финалето на УС Опен во 2004 година“, откри Швајцарецот.

Во својата кариера Федерер стигна до вкупна бројка од неверојатни 97 титули.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ не запира, сруши и уште еден рекорд!

Најуспешниот и по многумина најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, повторно по…