Дома Останати Федерер е голем џентлмен: Му честиташе на Надал

Федерер е голем џентлмен: Му честиташе на Надал

Рафаел Надал денес супериорно го доби Ѓоковиќ во финалето на Ролан Гарос и ја освои својата 20-та Грен Слем титула.

Со тоа Шпанецот се израмни со својот голем ривал Роџер Федерер по бројот на освоени Грен слеми, но Швајцарецот покажа дека е голем џентлмен и му честиташе на Надал.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Секогаш сум имал огромна почит за мојот пријател Рафа како личност и како шампион. Како мој најголем ривал толку многу години, верувам дека се туркавме да станеме подобри играчи. Затоа, вистинска чест е да му честитам на 20. гренд слем титула. Посебно е фантастично што тој сега има дури 13 победи на Ролан Гарос, што сигурно претставува едно од најголемите остварувања во спортот. Исто така му честитам на тимот, бидејќи никој не може да го направи ова сам. Се надевам дека 20 е само бројка на нашиот пат. Честитки, Рафа, го заслужуваш тоа“, напиша Федерер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ова е следниот турнир каде ќе игра Ѓоковиќ

Како што стојат работите, Новак Ѓоковиќ веќе одреди на кој турнир ќе се појави по подолга …