Роџер Федерер се избори за пласман во четвртото коло на УС Опен откако без поголеми проблеми го совлада Дин Еванс со 6:2, 6:2 и 6:1.
Еден од новинарите го праша Федерер дали тој побарал да игра во дневен теремин, а Швајцарецот даде интересен одговор.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Не сум барал такво нешто, ниту сега ниту пак било кога. Не знам дали побарал некој од мојот тим, но јас сигурно не. Секако дека не прашуваат како сакаме меѓутоа тоа не значи дека што јас ќе посакам тоа ќе добијам. Многу пати сум слушнал за таквите глупости и доста ми е, уморен сум. Турнирите и телевизиските програми можат да бараат такво нешто, ние сме тука да играме. Ако ми кажат ќе излезам и во четири часот наутро да играм“, порача Федерер.
Во осминафиналето тој ќе се сретне со подобриот од мечот Карен Буста и Гофан.