Дома Фудбал Останато Февруари за Манчестер Јунајтед ќе биде жешок месец – Погледнете го распоредот на „Црвените ѓаволи“

Февруари за Манчестер Јунајтед ќе биде жешок месец – Погледнете го распоредот на „Црвените ѓаволи“

Ждрепката за осмина финалето во Лигата на Шампионите беше одржана денес, а Манчестер Јунајтед не имаше среќа, бидејќи за противник го доби ПСЖ.

„Црвените ѓаволи“ оваа сезона играат под сите очекувања и јасно е дека ПСЖ е голем фаворит во овој дуел. Сепак, навивачите на англискиот гигант се надеваат дека нивниот тим конечно ќе се врати во форма до февруари кога ги очекува дуелите со шампионот на Франција.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Меѓутоа, февруари ќе биде веројатно најтешкиот месец за Јунајтед оваа сеона. Покрај дуелот со ПСЖ ги очекуваат уште три дерби натпревари во Премиер лигата.

Јунајтед прво ќе го пречека ПСЖ на свој терен, а потоа и Ливерпул. По тоа следува натпреварот во гости против Арсенал, а месецот ќе го заврши со градското дерби против Манчестер Сити. Јунајтед на почетокот на март ќе го одигра реваншот против ПСЖ и така ќе ја заврши низата од дербиња.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Mислел дека некој се шегува со него: Пикадо шампионот Лук Литлер избран за нејсексапиилен маж во Англија!

Британската ѕвезда во пикадо, Лук Литлер, познат по својот извонреден талент, духовитост и…