Дома Фудбал Репрезентации „Фаланго“ каде си?! Пред само една година го „окупиравме“ Букурешт на – ЕВРОПСКО!

„Фаланго“ каде си?! Пред само една година го „окупиравме“ Букурешт на – ЕВРОПСКО!

Македонската фудбалска репрезентација денес го игра натпреварот против Гибралтар во рамките од четвртото коло во квалификациите на Лигата Нации. Фудбалерите прикажаа одлична игра и покажаа дека поразот од Грузија е зад нас, по 45 минути водат со 4:0.

Но толку ли беше тежок тој пораз од Грузија за денес Арената да „зјае“ скоро празна? Има одредена бројка гледачи, меѓутоа премалку е за радоста која ни ја пружија фудбалерите во измината година. Победа со Германија, настап на Европско првенство, победа против Италија…Некако како премногу да ја „разгалија“ македонската спортска јавност.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Симболично е што пред само една година, точно во овој период Македонија живееше во фудбалска еуфорија. Првиот натпревар со Австрија го игравме на 13. јуни и на овој ден минатата година веќе Букурешт беше окупиран од македонската „фаланга“ која денес во Скопје искрено ја – нема!

И против Грузија Арената не беше исполнета, меѓутоа бројката беше солидна, ова денес навистина не го заслужуваат фудбалерите. Поразите за гигантите на светскиот фудбал од нас (Италија и Германија) сигурно беа повеќе болни и понеочекувани за нас од оној со Грузија, па публиката таму и во следните натпревари е на трибините…

Мора да се навикнеме дека во фудбалот има победи, има и порази, добри и лоши моменти, а публиката е тука токму за да им покаже на фудбалерите дека веруваат во нив кога не им оди.

Секоја чест за оние гледачи кои денес се на Арената и кои од почетокот на мечот со аплаузи го наградуваат секој гол и секој добар потег на теренот. Од теренот за возврат добиваат фудбалско уживање и четири гола за 45 минути…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…