Дома Фудбал Италија Уште лоши вести од Серија А: Ковид-19 и во Аталанта, Гасперини го откажа пресот!

Уште лоши вести од Серија А: Ковид-19 и во Аталанта, Гасперини го откажа пресот!

Ситуацијата во Серија А со коронавирусот воопшто не е добра, се поголем е бројот на клубови кои пријавуваат позитивни членови.

Се започна во Џенова која уште пријавува нови случаи и со денешните три стигна до 22 (17фудбалери). Тимот на Пандев е вториот тим во светот со најмногу заразени после Бока која имаше 24.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


После Џенова два случаи пријави и Наполи кој минатиот викенд играше против нив.

Денес на задолжителното тестирање пред натпреварите заразен член пријави и Аталанта.

Поради тоа е откажана и прес-конференцијата на Џан Пјеро Гасперини. Засега нема информации кој е заразен во Аталанта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона подготвува жалба поради судењето против Атлетико

Барселона подготвува жалба до Европската фудбалска унија (УЕФА) поради „судиски грешки“ на…