Славољуб Муслин, како што е познато, не е единствениот кој успеа да се пласира на СП во Русија и кој нема да го предводи тој тим на Мундијалот.
Некогашниот селектор на Саудиска Арабија, Берт ван Марвијк го направи истото, а сега му се придружи уште еден стратег.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се работи за досегашниот селектор на Австралија, Ангелос Постекоглу.
Постекоглу бепе селектор од 2013. година, одлучи да се повлече по пласманот на СП.
Тој на конференција за новинарите истакна дека сака да ги тренира тие момци, но дека не нашол заединички јазик со сојузот и тоа е причината поради која се откажал да ја предводи селекцијата.