Дома Фудбал Англија Уште еден проблем за Челзи: Капитенот поради повреда ќе паузира три месеци

Уште еден проблем за Челзи: Капитенот поради повреда ќе паузира три месеци

Tимот на Челзи покрај резултатската криза сега се соочува со уште еден проблем – се повреди капитенот Рис Џејмс.

Џејмс поточно ја обнови повредата на задната ложа и се шпекулира дека ќе паузира и до три месеци. 24-годишниот дефанзивец важи за еден од најдобрите десни бекови, но честите повреди го спречуваат да игра констатно на највисоко ниво.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Изминатиот викенд против Евертон на теренот помина само 25 минути по што мораше да биде заменет поради повреда. Деталните прегледи покажале дека се работи за повреда на задната ложа која ја повреди дури седум пати во последните три години.

Челзи не откри детали за процесот на рехабилитација, меѓутоа медиумите пишуваат дека Џејмс ќе паузира и до три месеци, а ќе се врати во март следната година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Валверде: За Модриќ можам да кажам само една лоша работа

Лука Модриќ денес можеби го игра својот последен натпревар за Реал Мадрид. Секој следен би…