Дома Топ вести Уште еден доказ колку Лопетеги беше лош: Перез никого не „шутнал“ побрзо од него!

Уште еден доказ колку Лопетеги беше лош: Перез никого не „шутнал“ побрзо од него!

perez

Јулиен Лопетеги на клупата на Реал Мадрид стигна после големиот скандал во таборот на „Црвената Фурија“ од каде и што доби отказ затоа што пред почетокот на Мундијалот ја прифати работата во Реал.

Вчеравечер после серијата катастрофални резултати и дебаклот во Каталонија на Лопетеги му беше доделен отказ, па овој стратег собори негативен рекорд. Тој стана тренерот кој најмалку се задржал на клупата на Реал од почетокот на една сезона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Досегашниот рекорд во ерата на Перез во една сезона го држеше Вандериел Луксембурго кој на клупата остана четири месеци, но вкупно 340 денови бидејќи ја доби работата во текот на претходната сезона.

Луксембурго во првиот дел од сезоната 2005/2006 запиша 11 победи на 19 натпревари во шпанското првенство и Лигата на шампионите.

Хозе Рамон Лопез Каро на клупата на „кралевите“ беше 178 дена пред да добие отказ, додека Рафа Бенитез тренер на Реал беше 215 денови пред да му го отстапи местото на Зинедин Зидан.

Мануел Пелегрини се задржа на „Бернабеу“, додека Антонио Камачо беше тренер Реал дури и пократко од Лопетеги, 117 дена, но тој не беше отпуштен, туку си замина по сопствено инсистирање.

Јулиен Лопетеги на клупата на Реал помина помалку од четири месеци и ги водеше „кралевите“ на 14 натпревари, си замина после 139 дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…